АТП Лондон

Федерер брзо го заборави поразот од Нишикори, го „збриша“ Тим за 66 минути

Роџер Федерер ја забележа првата победа на завршниот турнир во Лондон, вечерва со 2-0 во сетови ја доби пресметката со Доминик Тим.

Швајцарецот во првото коло неочекувано загуби од Кеи Нишикори, но популарниот „Федекс“ брзо го заборави поразот и вечерва го „збриша“ Доминик Тим.

Роџер Федерер ја доби пресметката со тенисерот од Австрија со 2-0 во сетови (6-2, 6-3) за само 66 минути игра.

Тој одигра далеку подобро во споредба со мечот против Кеи Нишикори, но во прилог му одеше и тоа што Доминик Тим беше прилично очаен и имаше дури 34 неизнудени грешки.

Но пласманот во полуфиналето се уште не му е обезбеден на Роџер Федерер, за тоа му е потребна победа и против Кевин Андерсон.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе