Формула 1

Фантастичниот Леклер доминираше во квалификациите и изедначи постигнување на големиот Шумахер

Шарл Леклер ќе стартува од пол позиција на ГН на Русија откако попладнево беше најбрз во квалификациите во Сочи пред Луис Хамилтон и тимскиот колега Себастијан Фетел.

Шарл Леклер и Ферари продолжуваат со извонредната форма, младиот возач од Монако попладнево беше фантастичен во Сочи и доминираше во квалификациите за ГН на Русија.

Со време од 1:31.628 тој беше недостижен за конкуренцијата и изедначи постигнување на големиот Михаел Шумахер.

Шарл Леклер е првиот возач на Ферари кој забележал четири пол позиции во низа по легендарниот Германец, на кого ова му тргна од рака во 2001 година.

Мерцедес се мачеше овој викенд, но Луис Хамилтон успеа да се протне во првиот ред пред Себастијан Фетел. Макс Верстапен имаше четврто најдобро време но ќе назадува пет места поради промена на моторот, па Валтери Ботас ќе стартува од вториот ред.

Возачите на „сребрената стрела“ утре ќе стартуваат со медиум гуми, додека пак Ферари со меки, па за очекување е интересна трка и тактичко надмудрување.

Помеѓу најбрзите десет во квалификациите денес уште завршија и Карлос Саинц, Нико Хулкенберг, Ландо Норис, Роман Грожан и Даниел Рикиардо.

 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе