Формула 1

Фантастичен круг на Леклер за пол позиција во Спа

Ферари го запоседна првиот ред во квалификациите за ГН на Белгија, Шарл Леклер со фантастичен круг стигна до пол позиција пред тимскиот колега Себастијан Фетел и двоецот на Мерцедес.

Патеката во Спа одговара на болидот на Ферари поради долгите превци и брзите свиоци па се очекуваше тимот од Маранело да понуди најмногу.

Шарл Леклер на слободните тренинзи покажа дека за нијанса е подобар од конкурентите, и младиот возач од Монте Карло тоа го демонстрираше и на денешните квалификации.

Со фантастичен круг и време од 1:42.519, Шарл Леклер стигна до пол позиција на ГН на Белгија, негова трета оваа сезона.

Себастијан Фетел застануваше многу зад својот тимски колега, мала утеха за Германецот е тоа што во својот втор брз круг успеа да постави подобро време од Луис Хамилтон и утре да стартува од првиот ред.

Британецот, кој на третиот слободен тренинг се заби во заштитната ограда и неговите механичари напорно работеа за да го оспособат болидот, сигурно ќе биде задоволен со својот пласман на третото место.

Друштво во вториот ред утре ќе му прави тимскиот колега Валтери Ботас, а потоа следуваат Макс Верстапен, Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Серхио Перез и Кевин Магнусен.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе