Евгениј Поп Ацев победи на Велешкиот маратон

Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб „Вардар 2018“  го освои првото место на шестиот „Велешки пливачки маратон“ на 10 километри кој се одржа на езерото „Младост“. 

Поп Ацев на целта стигна за 2:10:26, а за МИА рече дека ова е негово четврто учество на маратонот кој, според него, од нареднат година треба да да влезе во Фина Светската серија за маратони и да биде бодуван во светски рамки.
 
Второто место го освои Александар Илиевски од пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје со време од 2:11:50
 
На трката од пет километри во машка конкуренција прв на целта стигна Андреј Стојановски од ПК „Нептун“, втор Божидар Мирчевски од ПК „Работнички“ и трет Петар Краљевски од Пк „Аква“ од Куманово.
 
Јана Костадиновска го освои првото место на пет километри во женска конкуренција, втора беше Калина Стојчевска и трета Илина Јордановска, сите од ПК „Младост“.
 
На трката од  2.500 метри од мажите прв до целта стигна Борјан Давковски од ПК Нептун, втор е Давид Јорданов од ПК Орион и трет Сидрид Деску од ПК Степ од Приштина. Во женска конкуренција првото место го освои Калина Стојановска од  ПК Нептун а втора пристигна Антонија Андовска од ПК Челични.
 
Во трката за аматери на 2.500 метри првото место го освои Дарко Поп Ацев.
 
 
На маратонот, кој од оваа година доби меѓународен карактер, учествуваа 80 пливачи од Турција, Косово, Бугарија и од Македонија.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе