Награди „13 Ноември“

Евгениј Поп Ацев и Симона Заборска ја добија наградата „13 Ноември“ за најдобри спортисти на Скопје

Сојузот на спортови на Град Скопје по повод денот на ослободувањето на градот ги додели традиционалните награди „13 Ноември“ на најдобрите спортисти за изминатата година. 

Пливачот Евгениј Поп Ацев е најдобриот спортист за 2019 на градот Скопје. Тој победи на светската ултрамаратон серија, а беше шести на светската листа на трките на десет километри. За најдобра спортистка е прогласена каратистката Симона Забораска. Таа го освои второто место на Универзијатада во Португалија, беше трета на Младинските олимписки игри во Азербејџан, беше и трето место на Унивезијадата на боречки спортови во Загреб каде учествуваа 35 земји.
 
За најдобар тренер е прогласена Билјана Црвенковска која во изминатата сезона му беше помошник на Роберто Гарсија Парондо во ракометниот клуб Вардар кој ја освои Лигата на шампионите.
 
Наградата за најдобра екипа ја освои РК Вардар.
 
За најдобри спортски работници се прогласени Иван Михајловски (триатлон) и Живко Тасевски (карате).
 
Награди „13 Ноември“:
 
Категорија -спортисти:
Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање)
Симона Заборска (карате).
 
Категорија – тренер:
Билјана Црвенковска (ракомет Вардар).
 
Категорија – екипа:
РК Вардар (мажи).
 
Категорија спортски работник:
Иван Михајловски (триатлон)
Живко Тасевски (карате).
 
Категорија – општественик:
Висар Ганиу (градоначалник на општина Чаир).
 
Категорија – спортски работници за животно дело:
Александар Домлевски (кошарка)
Андреја Јовановски (стрелаштво)
Ѓорѓи Ајановски – Џоџо (бокс)
Димче Јосифовски (Коњички спорт)
Иван Лесевски (скијачки спорт). 
 
Категорија – професори по физичко воспитување:
Седат Бафтија од ОУ „Лирија"
Венцислав Рангелов од гимназијата „Никола Карев".

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе