Подарок со посебна вредност

Евгениј Поп Ацев доби кравата и машна што му припаѓале на Димитрија Поповски

Александар Поповски, синот на легендарниот пливачки тренер Димитрија Поповски - Шкипер, на Евгениј Поп Ацев му подари машни што му припаѓале на неговиот татко.

На пречекот што Националната пливачка федерација го приреди за Евгениј Поп Ацев, Александар Поповски како претставник од клубот му го честиташе на пливачот големиот успех и му даде подароци со посебно значење.
 
„Честитки за сето ова што го правиш. Татко ми да беше тука ќе кажеше многу, многу повеќе отколку што јас можам да кажам, но од негово име јас тебе ќе ти поклонам нешто што е негово лично. Тука има една кравата што е меѓу неговите најомилени и една лептир машна, која ќе ти се најде некогаш во животот да си ја ставиш, тоа беше препознатлив знак за професорот. А неговата штоперица е во мојата канцеларија и е подготвена да ја добиеш ти односно твојот татко“, му се обрати Александар Поповски на Евгениј Поп Ацев.
 
Димитрија Поповски Шкипер беше легендарен пливачки тренер, професор и декан на Факултетот за физичка култура во Скопје и долгогодишен селектор на пливачката репрезентација на Македонија.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе