Трет пат шампион во Светската серија на ултрамаратони

Евгениј Поп Ацев без никаква помош од државата реди успеси за Македонија

Евгениј Поп Ацев ја освои титулата во Ултрамаратон серијата во далечинско пливање во организација на ФИНА, тој по трет пат станува светски шампион во оваа категорија, дава голема жртва за да плива и да настапува под знамето на Македонија, а нема никаква помош од државата.

Евгениј Поп Ацев третпат ја освои Светската серија во ултрамаратонско пливање на ФИНА. Претходно победуваше во 2015 и 2017.
 
На последната трка сезонава која се одржа во Капри, Неапол, Евгениј Поп Ацев го освои третото место и со тоа го потврди првото во генералниот пласман.
 
Брзо по освоениот голем трофеј, неговиот брат Дарко Поп Ацев со многу емоции напиша пост за Евгениј и неговиот искрен приод кон пливањето и покрај тоа што е занемарен од државата.
 
„Дечково е три пати победник на Светската серија на Ултрамаратони (2015, 2017, 2019). Успех, недоволно вреден да се спомне на ниедна национална телевизија, успех непрепознаен од ниту една фирма, успех недоволен да има барем некаква помош од државата... државата чии бои ги брани и повеќе од достојно ја претставува. Кој не почувствувал и не видел не знае колку пот и одрекувања се тоа. Е овој дечко сам си плаќа каде и да оди да не претставува, а нема ниту еден ден работен стаж, ниту здравствено и пензиско осигурување. Зошто? Зошто решил да плива за Македонија. И како што го дал Господ го прави тоа без никаква помпа, одбивајќи понуда да плива за друга држава.
Искрено ти се восхитувам на честа, скромноста и истрајноста. Добри спортисти има многу, ама добри луѓе многу малку... е ти си еден од нив. Честитки голем човеку!“, напиша брат му на Евгениј, Дарко Поп Ацев, на својот фејсбук профил.
 
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе