АТП Монте Карло

Еванс направи сензација, го елиминираше Ѓоковиќ од Монте Карло

Британецот Даниел Еванс имаше сензационална победа над Нова Ѓоковиќ со 2-0 во сетови, српскиот тениски ас го призна поразот. 

Ѓоковиќ беше огромен фаворит против Еванс, но британскиот тенисер за час и пол победи со 6-2 и 7-6 (7-1).
 
„Еванс заслужено победи, покажа поголем квалитет и играше одлично во решавачкитие моменти. Се чувствував ужасно, како да не бев во својата ожа. Искрено, ова беше еден од моите најлоши мечеви во последните години. Не се сеќавам кога претходно сум одиграл толку лошо“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
 
Еванс вели дека Ѓоковиќ му дал посебна мотивација со тоа што го изнервирал пред почетокот од мечот.
 
„Ѓоковиќ ме изнервира откако ме остави да чекам подолго во соблекувалната пред да излеземе на загревање. Во тој момент бев многу нервозен и тоа го искористив како мотивација. Цело време си велев дека не сум без шанси, дека тоа е дуел на еден против еден и дека можам да го победам. Тоа и се случи. Ова е победа која ќе ја прераскажувам на моите деца, внуци дека сум го победил најдобриот во светот. Клучот е во тоа да верувате дека можете да победите“, изјави Еванс.
 
За разлика од Ѓоковиќ, Надал немаше проблеми, тој со 6-1 и 6-1 го помина Димитров. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе