Британецот го достигна рекордот на легендарниот Германец

Емотивни моменти: Мик Шумахер на Луис Хамилтон му подари кацига од Михаел Шумахер (ВИДЕО)

Емотивни моменти по крајот на тргката во Нирбургринг, Мик Шумахер на Луис Хамилтон му подари кацига од Михаел Шумахер за да се одележи победата број 91 на Британецот.

Легендарниот Германец ја заврши кариерата во Формула 1 со 91 победа, се чинеше дека тешко ќе биде достигнат овој рекорд, но Луис Хамилтон доминира со години, па Британецот денеска го изедначи постигнувањето.

По крајот на трката во Нирбургринг, семејството Шумахер сакаше да го одбележи овој успех на Луис Хамилтон, Мик Шумахер се појави во падокот и му подари кацига со која Михаел Шумахер возел во болидот на Мерцедес.

Малку фалеше Британецот да се расплаче, а откако ги смири емоциите, рече: „Почестен сум. Леле... Не знам што да кажам. Кога растете, гледате некого и го идолизирате... Не очекував дека некој, особено јас, ќе се доближи до рекордот на Михаел“.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе