Мото ГП

Една декада доминација, Маркез до 10-та победа во низа во Заксенринг

Марк Маркез заокружи една декада доминација на ГН на Германија, Шпанецот попладнево се радуваше на 10-та победа во низа во Заксенринг.

Марк Маркез продолжува да чекори кон нова титула. Шпанецот лесно стигна до триумф во Заксенринг а неговите ривали за титулата се мачеа. Возачот на Хонда од старт до финиш беше на чело на колоната и мина низ целта со речиси пет секунди предност на однос на Маверик Вињалес. Третото место му припадна на Кал Крачлоу, кој го даде максимумот и возеше со фрактура на ногата. 

Зад нив, Данило Петручи со задоцнување од над 16 секунди заврши како четврти пред тимскиот колега Андреа Довициозо и уште еден возач на Дукати, Џек Милер. Потоа следуваа Жоан Мир, Валентино Роси, Франко Морбидели и Стефан Брадл. 

По трката во Германија следува еден месец пауза, Марк Маркез на одмор ќе замине со 58 бодови предност во однос на Андреа Довициозо и само чудо во вториот дел од сезоната може да го спречи да не ја освои титулата.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе