Формула 1

Еден-два за Мерцедес и во Каталуња, Ботас повторно подобар од Хамилтон во квалификациите!

Валтери Ботас ќе ја започне утрешната ГН на Шпанија од пол позиција, Финецот попладнево одново беше подобар од тимскиот колега Луис Хамилтон во квалификациите.

Продолжува доминацијата на Мерцедес, на првата трка во Европа, сите тимови донесоа нови делови за своите болиди, но „сребрената стрела“ и понатаму има најдобар пакет.

Предноста на слободените тренинзи на ГН на Барселона беше потврдена и попладнево во квалификациите, каде Мердецес стигна до еден-два а Валтери Ботас трет пат во низа го победи својот тимски колега Луис Хамилтон.

Во својот прв брз круг во третата сесија, Финецот постави нов рекорд на патеката во Каталуња со постигнување од 1:15.406. Луис Хамилтон заостануваше повеќе од половина секунда, а Себастијан Фетел, кој имаше трето најдобро време заостануваше речиси една секунда.

Потоа следуваа Макс Верстапен, Шарл Леклер, Пјер Гасли, Роман Грожан, Кевин Магнусен, Дани Квајт и Даниел Рикиардо.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе