Формула 1

Еден-два победа за Мерцедес на 1000-та трка во Формула 1, Хамилтон слави пред Ботас!

Мерцедес имаше перфектна трка во Кина, Луис Хамилтон мина прв низ целта пред својот тимски колега Валтери Ботас, Себастијан Фетел финишираше како трет.

Најавите на Ферари дека ќе пружат битка во трката откако синоќа загубија во квалификациите не се реализираа. Тимот од Маренело и денеска беше далеку побавен од Мерцедес.

Луис Хамилтон одлично стартуваше, прв влезе во свиокот број 1 и потоа не беше загрозен до крајот во ниту еден момент. Зад него, Валтери Ботас исто така имаше прилично мирна трка, Финецот за момент ја загуби втората позиција по второто влегување во боксот, но брзо ја врати откако го претекна Шарл Леклер, кој повторно остана без добар резултат не по своја вина.

Младиот возач од Монако доби тимска наредба да го пропушти Себастијан Фетел во воведните кругови и покрај тоа што Германецот не беше побрз. А ваквата одлука подоцна придонесе Леклер да загуби позиција и од Макс Верстапен преку боксовите, па тој на крајот финишираше како петти.

Последното место на победиумот му припадна на Себастијан Фетел, кој во финишот остана и без додатниот бод за најбрз круг откако Пјер Гасли на два круга пред крајот влезе во бокс и со свежи гуми, и тоа оние најбрзите, леташе на петеката кога веќе се беше решено.

Во бодови уште завршија и Рикиардо, Перез, Раиконен и Албот, за кого ова беше првиот бод во кариерата.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе