УФЦ 249

Еден борец е позитивен на Ковид-19, но вечерашниот УФЦ настан нема да се одложи

Бразилскиот борец Роналдо Соуза е позитивен на коронавирус, откажана ќе биде само неговата борба на вечерашниот настан каде главниот меч е меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејчи. 

Тоа од кое сите стравуваа се случи, дека ќе има позитивни на коронавирус пред УФЦ настанот кој ќе се одржи во Флорида.
 
Но тој нема да биде откажан, само борбата меѓу Соуза и Хал нема да се одржи.
 
Бразилецот Роналдо Соуза и двајца негови тренери се позитивни на коронавирус.
 
УФЦ потврди дека тројцата позитивни на Ковид-19 биле асимптоматични. Тие се отстранети, го напуштиле хотелот во Флорида и заминале во самоизолација каде се следени од докторите.
 
Од доаѓањето Соуза и останатите во тимот ги следеле сите мерки, биле на физичка одалеченост од другите па поради тоа нема да има откажување на настанот.
 
Дури 1200 луѓе биле тестирани во пресрет на овој настан, па претседателот на УФЦ, Дена Вајт вели дека е нормално некој да е позитивен.
 
Настанот УФЦ 249 се случува во Флорида, во раните утрински часови по наше време, без публика а главна борба на вечерта ќе биде дуелот меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејчи.
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе