Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел ќе биде замената на Хамилтон за Мерцедес, а за Вилијамс на ГН Сахир ќе вози 25-годишниот Џек Аиткен кој ќе дебитира во Формула 1.
Расел од 2017 има договор со Мерцедес, тој е на тригодишна позајмица во Вилијамс каде импресионираше откако минатата сезона дебитираше во Ф1.
Отсуството на Хамилтон ќе биде шанса на 22-годишниот Расел во најдобриот болид да покаже што знае.
Иако се уште нема освоено бод во Ф1, Расел во квалификациите сите 36 пати имаше подобро време од своите тимски колеги, што се смета за показател за неговиот голем талент.