Светска Универзијада

Две сребра и една бронза за македонските каратисти на Светската Универзијада

Македонските карате репрезентативци, кои што изминативе денови учествуваа на Светскиот универзитетски куп на боречки спортови во Самсун, Турција, од ова натпреварување се вратија со две сребрени и еден бронзен медал, како и три пласмани на петто место.

Во екипна машка конкуренција, нашиот тим во финалето загуби од репрезентацијата на Јордан со 1-3 и на тој начин стана вицешампион. Македонската екипа беше составена од Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски.

Женската македонска репрезентација во финалето се бореше со Хрватска и загуби со 0-2, со што се закити со сребрено одличје. Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија Петровска и Моника Пендаровска беа дел од нашата екипа.

Бронзен медал во поединечна конкуренција освои Давид Петков во категоријата борби под 67 килограми. Во битката за третото место тој го совлада украинскиот репрезентативец Давид Јановски со резултат 1-0.

Ангела Мојсовска (-68 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Марија Петровска (-55 кг.) учеството во индивидуална конкуренција го завршија како петтопласирани во своите тежински категории.

„Задоволни и горди сме од постигнатиот резултат. Освоивме две сребрени и еден бронзен медал, како и три високи пласмани на петто место. Ова е одличен настап на вакво големо натпреварување од сите наши избраници. Оваа селекција веќе е докажана како многу квалитетна, а со малку среќа, можевме да имаме и двоен број медали. Поседуваме квалитет на високо технички подготвени врвни натпреварувачи и сега треба да го чекаме моментот кога секој од нив ќе биде медалист на некое следно првенство. Оваа генерација на каратисти во машка конкуренција се издвојува како најуспешна студентска генерација, бидејќи се единствени кои биле трипати финалисти во дисциплината екипно борби. Двапати на Eвропските Универзијади, прво во Загреб, каде што освоија сребрен и по две години и златен медал на универзитетските игри во Лоѓ, а сега станаа и сребрени медалисти на светски натпревар во карате спортот“ - истакна Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација, како и на скопскиот клуб „Макпетрол“.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе