Мото ГП

Дукати гледаше во грбот на Маркез во Ле Ман, Шпанецот на Хонда и ја донесе победата број 300 во кралската класа!

Марк Маркез славеше на ГН на Франција, шампионот ја доби битката со вазачите на Дукати и прв мина низ целта пред Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Нова победа за Марк Маркез, шампионот денеска беше најбрз во Ле Ман. Шпанецот практично беше во водство цела трка, само на кратко му го препушти првото место на Џек Милер во почетните кругови.

Актуелниот шампион потоа брзо се врати на чело на колоната и рутински извозе за триумф на ГН на Франција и победата број 300 за Хонда во кралската класа. Зад него, Андреа Довициозо финишираше како втор пред тимскиот колега Данило Петручи.

Џек Милер, кој имаше солиден викенд во Франција, во последниот круг беше под притисок од Валентино Роси, но возачот од Австралија успеа да финишира како четврти пред легендарниот Италијанец.

Потоа следуваа Пол Еспаргаро на КТМ, и двајцата возачи на вториот тим на Јамаха, Франко Морбидели и Фабио Квартараро. Во топ 10 уште завршија Кал Крачлоу, Алекс Ринс.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе