Винг Чун Кунг Фу клуб „Стрела“

Древната боречка вештина Винг Чун Кунг Фу во современиот живот

Значењето на зборот „Кунг Фу“ е „Врв на вештина стекната со напорна работа“. Тоа само по себе ја покажува суштината на тренингот по оваа боречка вештина, добиваш онолку колку што вложуваш и ништо нема да ти биде дадено без да го заслужиш. Во сценарио кое од тебе бара да се одбраниш од напаѓач, слободно заборави на секакво размислување. Адраналинот го прави своето, го исклучува аналитичкото размислување и го спрема телото за борба. Ќе го употребиш само она што е врежано во твоето тело - тука клучната улога ја игра тренингот.

КАДЕ И КАКО НАСТАНАЛА ВЕШТИНАТА ВИНГ ЧУН КУНГ ФУ
 
Корените на Винг Чун Кунг Фу-то може да се најдат во турбулентното и репресивно време на владеењето на династијата Чинг во Кина, пред повеќе од 250 години. Тоа било време кога 90% од кинескиот народ, или расата Хан, биле владеени од малцинството наречено Манчу. Владетелите спроведувале бројни неправедни закони врз луѓето од расата Хан. Еден од нив бил познатиот „ритуал“ на врзување на стапалата на младите девојчиња или приморувајќи ги да носат обувки премали за нив, со цел да бидат физички зависни од своите партнери кога ќе остарат. Работните можности за расата Хан исто така трпеле рестрикции. Еден Хан, не смеел да напредува во владиниот сектор исто како и еден Манчу. Високите даноци овозможувале економска контрола врз населението. Вежбањето Кунг Фу како национален спорт било забрането за расата Хан, сепак владата го почитувала манастирот Шао Лин, единствено како како будистичко прибежиште.
 
Кога расата Манчу конечно ги забранила и сите оружја, угнетената раса започнала тајно да припрема револуционерна армија. За оваа цел, планот бил учесниците да изучуваат Кунг Фу во тајност. Поради почитта и автономијата што ја уживал, Шао Лин манастирот станал местото каде тренинзите по Кунг Фу почнале, стил за кој биле потребни 15 до 20 години да се усоврши.
 
За да се скрати потребното време за подготовка на обучен борец, 5 мајстори од цела Кина се донеле одлука да ги комбинираат нај-ефективните техники од своите дисциплини на Кунг Фу. Правејќи го тоа, тие развиле систем кој требало да продуцира ефикасен борец во рок од 5 до 7 години, една третина од времето кое првично било потребно. За несреќа на расата Хан, дури и пред изучувањето на овој систем да отпочне, Шао Лин манастирот бил нападнат и изгорен до темел од владетелската раса Манчу.
 
 
Калуѓерката по име Нг Муи, единствената преживеана од петте мајстори, го пренела своето знаење на млада девојка која била сираче. Нг Муи на младата девојка и го дала името Винг Чун. Името во буквален превод значи „прекрасна/вечна пролет“, а го има и симболичното значење „надеж за иднината“. Понатаму, Винг Чун го пренесува своето знаење на нејзиниот сопруг и низ годините овој првично безимен систем го добива името Винг Чун. Техниките и учењата на овој стил, биле пренесени на бројни, но секогаш внимателно избрани ученици. 
 
Во 1950та година во Хонг Конг, Ип Ман започнува да го пренесува стилот Винг Чун на пошироките народни маси. Еден од неговите први ученици бил Големиот Мајстор Вилијам Чеунг, глава на „Светската Винг Чун Кунг Фу Асоцијација“. 
 
Во таа иста асоцијација членува и клубот кој во нашето Скопје го пренесува овој стил кој излегол од пепелта на славниот Шао Лин манастир во Кина. Винг Чун Кунг Фу клубот СТРЕЛА.
 
МИСИЈАТА  НА ВИНГ ЧУН КУНГ ФУ КЛУБОТ СТРЕЛА ОД СКОПЈЕ
 
Клубот СТРЕЛА е под раководство на Си-Фу Предраг Петрески кој е рангиран со највисокиот 16ти степен во „Светската Винг Чун Кунг Фу Асоцијација“ и поседува повеќе од 25 години искуство во активно практицирање и предавање на вештината. Повеќе од 15 години клубот е место на изучување на вештината од страна на десетици практиканти годишно. Си-Фу Предраг става голем акцент како на физичкиот, така и на спиритуалниот аспект на Кунг Фу-то, стремејќи се да продуцира витални и психо-физички здрави индивидуи во времето во кое живееме. 
 
Ако присуствувате на еден час со Си-Фу Предраг Петрески, ќе забележите дека тој се состои од повеќе различни делови. Секој од нив насочен према различен аспект од тренингот, а сите заедно комбинирани да дадат една комплетна физичка, техничка и психичка подготовка на Вас како вежбач.
 
 
Часот почнува со загревање и истегнување на целото тело, како мускулно, така и енергетски. Вежбите за загревање се склопени на тој начин што ќе ја подигнат телесната температура на телото и со тек на време ќе ги направат мускулите далеку пофлексибилни од оние на секојдневниот човек, нешто што е карактеристично за луѓето кои се занимаваат со боречки вештини.
 
Истегнувањето на мускулите е исто така поврзано со истегнување на енергетските канали на телото. Тие претставуваат „патишта“, по кои според Кинеската Медицина патува „животната енергија“ на телото. Докторите по Кинеска Медицина веруваат дека слободниот пат на оваа „животна енергија“ придонесува за здравје на внатрешните органи, што пак е клучот за здравјето и долговечноста на организмот како целост. 
 
Понатаму тренингот продолжува со вежби за кондиција и мускулна издржливост. Вежбите за кондиција се изведуваат во интервали и интензитетот го одредува самиот вежбач, според неговото/нејзиното ниво на кондициона спремност. Кондиционите вежби може да бидат со исклучително голем интензитет, што е уште една карактеристика за боречките спортови. Со тоа, правејќи ги повеќе од идеални за горење на голем број калории при тренинг. Вежбите за мускулна издржливост исто така го покриваат целото тело, со исклучителен акцент на средниот дел на телото, поради тоа што тој е најпотребен при изведување на вештината.
 
Вториот дел на тренингот е посветен на боречкиот аспект на Винг Чун Кунг Фу-то. Принципот на Си-Фу Предраг е да изгради индивидуа способна да се заштити себе и своите најблиски во реална ситуација. Па така, во овој дел на часот се учат практични техники на само-одбрана, придружени со подобрување на движењето, експлозивноста на ударите, како и менталната подготовка на еден Винг Чун борец. 
 
 
Часот завршува со кратко истегнување и работа на Чи Кунг вежби за дишење, по кои следи кратка медитација. Целта на овие вежби е телото да го снабдат со нова енергија, да го забрзаат процесот на опоравување и да го донесат умот во хармонична состојба, Со тоа, да го комплетираат тренингот како време потрошено за физички, технички и психички напредок на вежбачите. 
 
ДЕТСКА ГРУПА ВО ВЧКФ КЛУБОТ СТРЕЛА
 
Возраста на најмладите воини во овој клуб е од 6 до 14 години, по што преоѓаат во возрасната група. Овие тренинзи имаат за цел практично увежбување на базичните техники на само-одбрана на вештината без поголема компликација, за најмладите да може да ги искористат во секојдневните ситуации во кои се наоѓаат. Тука, младите се запознаваат со начините на кои се движи нивното тело и ја зајакнуваат нивната кондициона и мускулна спремност на начин соодветен за нивната возраст. 
 
Поради природата на денешницата, каде младите се изложени на безброј несакани информации, влијанија и искушенија, клубот СТРЕЛА има за задача во нив да ја всади автономијата, дисциплината и одговорноста за своите постапки. Мисијата на клубот за неговите најмлади членови гласи: „Дисциплината, автономијата и одговорноста се есенцијални, исто толку колку и индивидуалниот дух на детето.“  
 
ШТО Е ВИНГ ЧУН КУНГ ФУ БОРЕЦ?
 
Човек кој никогаш не се откажува, ревносно се соочува со било каков предизвик и пробува да го најде решението. 
 
Тој/таа ја вреднува искреноста пред се и на светот му пристапува со решителен чекор и отворено срце. 
 
Тоа е човек кој е фокусиран, но хармоничен по својата природа, свесен и целосно одговорен за своите дела и постапки. 
 
Тој/таа е вечен студент, има отворен ум за начините за подобрување на себе си и светот во било која област. Знае дека сите нешта се подложни на еволуција и креацијата прави луѓето да одат напред. 
 
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА СИ-ФУ ПРЕДРАГ И ВЧКФ КЛУБ СТРЕЛА
070 215 469
 

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе