Формула 1

Драматична завршница: Ботас победи, Хамилтон остана без пиедестал, радост за Норис

ГН на Австрија имаше драматична завршница, Валтери Богатс стигна до победа а Луис Хамилтон остана без подиум пораид казна од пет секунди, пехот на Британецот значеше радост за Ландо Норис и Мекларен.

Безбедносни возила, многу откажувања и возбудливи последни десетина круга донесе отварањето на новата сезона во Формула 1. Се чинеше дека ќе гледаме 1-2 победа на Мерцедес, но Албон слично како во Бразил минатата сезона, реши да го претекне Луис Хамилтон од надворешна страна во 61. круг па дојде до контакт по кој возачот на Ред Бул излета и се најде на опашката. 

Британецот беше санкциониран со 5 секунди и поради казната остана без пиедестал и покрај тоа што трката ја заврши како втор со заостанување помало од секунда во однос на победникот Валтери Ботас. 

Шарл Леклер со помош на среќата успеа очајните квалификации да ги претвори во финиш на второто место, додека пак Ландо Норис постави најбрзо време токму во последниот круг и влезе во помало заостанување од 5 секунди во однос на Луис Хамилтон за огромно славје во Мекларен и место на пиедесталот. 

Што се однесува до Валтери Ботас, неговата позиција во ниту еден момент не беше доведена под знак прашалник, Финецот требаше само да ги слуша наредбите од боксот и да ја менаџира ситуаицјата за победа во Австрија. 

Во бодови уште завршија Саинц, Перез, Гасли, Окон, Џовинаци и Фетел.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе