Јапонката во понеделник ќе биде нов број 1

Драма во Мелбурн, Осака во солзи го напушти теренот по вториот сет но на крајот го освои АО!

Наоми Осака триумфираше на Австралија Опен, младата Јапонка по голема борба со 2-1 во сетови ја совлада Петра Квитова во финалето во Мелбурн.

Во понеделник, ВТА листата ќе добие нов број 1, на врвот ќе се искачи Наоми Осака, кој по големиот успех и триумфот на УС Опен минатата година, ја отвори 2019 со победа во Мелбурн.

Наоми Осака по голема борба денеска ја совлада Петра Квитова во финалето со 2-1 во сетови (7-6, 5-7, 6-4) и стана првата Јапонка која го освоила Австралија Опен.

Таа можеше многу порано да стигне до победа, во вториот сет имаше дури три меч топки, но откако не ги искористи, нејзината игра целосно се распадна, Петра Квитова освои четири гемови во серија и го освои овој сет со 5-7, па младата Јапонка со солзи во очите го напушти теренот.

Квитова моќно го отвори третиот сет, без загубен поен на свој сервис поведе со 0-1, но Осака успеа да се врати во ритам, направи брејк веќе на следниот сервис на Чехињата и на крајот го доби овој сет со 6-4 за големо славје.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе