Инцидент на СП во водени спортови

Драма со среќен крај на СП во Будимпешта, американска пливачка спасена од давење

Американката Анита Алварез која настапува во уметничко пливање, беше спасена од давење за време на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Будимпешта. 

25-годишната откако го завршила својот настап престанала да дише и почнала да тоне во базенот. Нејзината тренерка, Андреа Фуентес скокнала во водата и ја извадила Алварез на површина по што веднаш ѝ било укажана лекарска помош.
 
Од американскиот тим соопштија дека Анита Алварез е сега е добро. Лекарите ѝ ги провериле сите витални функции и сè функционира нормално.
 
Ова не е прв инцидент со Алварез, таа се онесвестила и минатата година за време на олимписките квалификации во Барселона, и тогаш ѝ беше давана лекарска помош.
 
Според „Марка“, тренерката Фуентес скокнала во базенот да ја спаси Алварез затоа што спасувачите не реагирале.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе