Формула 1

Драма пред почетокот на трката: Верстапен казнет, нема да стартува покрај Хамилтон во првиот ред!

Голем пех за Макс Верстапен пред почетокот на ГН на Катар, Холанѓанецот е казнет со пет места поради тоа што не забавил на соодветен начин кога на патеката имало двојни жолти знамиња па возачот на Ред Бул ќе стартува како седми.

Драма пред почетокот на трката во Катар, стјуардите го казнија Макс Верстапен. Холанѓанецот наместо да стартува во првиот ред покрај ривалот за титулата, Луис Хамилтон, ќе назадува пет места.

Лидерот во генералниот пласман е казнет поради тоа што не забавил на соодветен начин во квалификациите кога на патеката имало истакнатно двојни жолти знамиња.

Казна доби и Валтери Ботас, кој ќе назадува три места бидеќи не забавил под жолто знаменце.

ФИА објави како изгледа новиот стартер рен, Луис Хамилтон е прв а друштво ќе му прави Пјер Гасли.

Фернандо Алонсо ќе стартува како трет, а покрај него ќе биде Ландо Норис. Потоа следуваат Саинц, Ботас, Верстапен, Цунода, Окон и Фетел.

Ова отвара можност за возбудливи први кругови, Варастепен и Ботас ќе треба да надополнуваат, а Хамилтон ќе треба да се одбрани од конкурентите со оглед на тоа дека Гасли, Алонсо и Норис ќе имаат помеки гуми од него и би требало да бидат побрзи на стартот.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе