Италија Опен

Дождот го спаси, Надал по осми пат шампион во Рим!

Рафаел Надал триумфираше на мастерсот во Рим откако по голема битка го совлада Александар Зверев со 2-1 во сетови

Со помош на дождот, Рафаел Надал се радува на нова титула во Рим, негова осма во кариерата. По голема борба и меч кој траеше над два часа (преку три доколку се земат во предвид и прекините), Шпанецот со 2-1 славеше во пресметката со Александар Зверев.

Рафа одлично го започна мечот и првиот сет го реши во своја корист со 6-1. И кога сите очекуваа лесна победа, Зверев драстично го подигна нивото, врати во ист стил и го освои вториот сет со 1-6.

Германецот продолжи во исто темпо и во третиот решавачки сет, направи брејк и поведе со 1-3, но следуваше десет минутна пауза поради дожд и ова како да го исфрли од ритам. Надал најпрво намали на 2-3, по што двајцата тенисери мораа да се повлечат одново во соблекувалната бидејќи дождот продолжи се посилно да паѓа.

Втората пауза траеше педесетина минути, а по неа имаше само еден играч на теренот. Рафа веднаш го врати брејкот, потоа направи уште еден и на крајот го освои сетот со 6-3.

Со оваа победа, Шпанецот во понеделник одново ќе се врати на првото место на АТП ранг листата.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе