Формула 1

Доминантниот Хамилтон изедначи рекорд на Шумахер, Верстапен се протна меѓу болидите на Мерцедес

Луис Хамилтон победи во Унгарија, Британецот беше без конкуренција и изедначи рекорд на Михаел Шумахер откако по осми пат триумфира на Хунгароринг.

Перфектен викенд за Луис Хамилтон во Унгарија, актуелниот шампион беше најдобар во квалификациите, денеска беше во водство од старт до финиш и победи со најбрз круг.

Трката на Хунгароринг донесе многу возбудувања откако стартуваше на влажна патека, сите влегоа во бокс по само неколку кругови, па редоследот беше измешан и имаше битка за сите позиции, освен онаа на Луис Хамилтон, кој денеска беше класа сам за себе.

Зад него, Макс Верстапен успеа да се протне помеѓу двата болиди на Мерцедес, младиот Холанѓанец почна со пех откако го лупна болидот во бариери уште пред почетокот на трката, па неговите механичари до последен момент ги санираа штетите.

И покрај тоа, тој одлично стартуваше, за кратко време се најде на позицијата број два, и потоа во финишот успешно одлеа на нападот на Валтери Ботас, кој мораше да се задоволи со последното место на пиедесталот.

Ленс Строл заврши како четврти, Алекс Алобон во финишот го претекна Себастијан Фетел за позицијата број пет, а потоа следуваа Серхио Перез, Даниел Рикиардо, Кевин Магнусен и Карлос Саинц.

Со овој триумф, Луис Хамилтон изедначи рекорд на Михаел Шумахер, двајцата можат да се пофалт дека имаат по осум победи на една патека.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе