УФЦ 276

Доминација на Волкановски, по третпат го победи Холовеј и го задржа шампионскиот појас

Борецот со македонско потекло, Александар Волкановски имаше доминантен настап против Макс Холовеј, по третпат го победи својот ривал и го задржа шампионскиот појас. 

Мечот меѓу Волкановски и Холовеј беше една од ретките трилогии во УФЦ, особено малку имало трет меч во кој некој од борците претходно двапати победувал.
 
Но, Макс Холовеј се избори за трет меч против Волкановски, сепак шампионот покажа дека е на друго ниво и лесно ја доби борбата иако таа траеше сите пет рунди.
 
Волкановски не загуби ниту една рунда, беше агресивен, изгледаше страшно интелегентно, зададе многу прецизни удари и на крајот немаше дилеми околу победникот.
 
По борбата Волкановски ги кажа своите планови, рече дека ќе оди и во дивизија погоре, паралелно сака да се бори во две категории, сака да биде зафатен. 
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by UFC (@ufc)

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе