Австралија Опен

Доминација на Ѓоковиќ против Надал, Србинот го освои Австралија опен

Новак Ѓоковиќ лесно со 3-0 во сетови го победи Рафа Надал во финалето на Австралија опен и ја освои својата 15. грен слем титула.

Надал убедливо без загубен сет стигна до финалето на Австралија опен, па се очекуваше еден неизвесен и долг меч против Новак Ѓоковиќ, но тоа не се случи.
 
Српскиот тенисер имаше фантастичен перформанс и многу лесно го совлада Надал, во три сета со 6-3, 6-2 и 6-3.
 
Ова е седма титула на Новак Ѓоковиќ на Австралја опен, а играта во финалето беше една од неговите најимпресивни во грен слем финалињата кои ги играл.
 
Ова беше и трет освоен грен слем по ред за Ѓоковиќ, по Вимблдон и УС Опен. Србинот на Ролан Гарос ќе се обиде да ги врзе сите четири големи турнири.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе