УФЦ 249

Доминација на Џастин Гејчи, со импресивна партија го победи Тони Фергусон (ВИДЕО)

Тони Фергусон беше фаворит, но Џастин Гејчи го украде шоуто, доминираше во текот на целиот меч а победи со технички нокаут во финишот од последната рунда и стана привремен шампион во лесна категорија. 

Џастин Гејчи направи изненадување, го победи Тони Фергусон и тоа со импресивно издание, доминираше од почетокот до крајот и заслужено го доби појасот за привремен шампион во лесна категорија.
 
Тони Фергусон се подготвуваше за Хабиб Нурмагомедов, но поради коронавирусот таа борба беше откажана, па Џастин Гејчи му беше доделен за нов противник на УФЦ 249 настанот.
 
Фергусон ја имаше фаворитската улога, во октагонот излезе со 12 победи по ред, но серијата прекина тука. Многумина во Гејчи гледаа лесна задача за Фергусон, па неговиот идеален перформанс ги изненади сите.
 
Гејчи ја имаше контролата на мечот речиси во секое време, тактички беше фантастичен, постојано со силни удари го напаѓаше Фергусон притоа недозволувајќи тој да замавне посериозно. Фергусон важи за можеби најиздржливиот борец во УФЦ и се чини само поради тоа борбата траеше пет рунди.
 
Во финишот од петтата рунда, Гејчи силно го удри Фергусон и го зашемети, следуваше уште еден негов удар по што судијата реши да го прекине мечот на 1:21 секунда до крајот.
По мечот Гејчи го фрли појасот кој му беше доделен за привремен шампион и побара борба со Хабиб Нурмагомедов велејќи дека го сака вистинскиот шампионски појас а не овој.
Поразот на Фергусон од Гејчи најверојатно ќе значи дека фановите на УФЦ уште долго ќе чекаат за негов меч против Хабиб. Нивните дуели досега пет пати се одложија, а овој негов пораз значи дека тие сигурно нема да се борат оваа година.
 
Гејчи треба да добие борба со Хабиб, а Фергусон можеби ќе го добие Конор Мекгрегор за еден исклучително атрактивен дуел, но реална опција е и Дастин Порие.
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе