Шпанецот ќе се појави во Херез

Докторите кои го оперираа му забраниле да вози но Маркез доби зелено светло за настап во Херез!

Марк Маркез доби зелено светло овој викенд да настапи на втората трка во Херез, Шпанецот ги поминал сите фитнес тестови па лекарскиот тим на Мото ГП му дозволил да се трка.

Медиумите од Шпанија синоќа најавија дека Марк Маркез сака да се трка во Херез и покрај тоа што во вторникот беше опериран во Барселона. Извештаите велеа дека докторите кои го извршиле зафатот строго му забранил толку брзо да се качи на мотор, но актуелниот шампион не сака одново да остане без бодови. 

Тој утрово се појавил на патеката „Анхел Нието“, лекарскиот тим на Мото ГП му извршиле серија тестови, резултатите биле задоволувачки па тој добил дозвола да се трка овој викенд. 

Зелено светло им е дадено и на Алекс Ринс и Кал Крачлоу, кои исто така паднаа на првата трка.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе