Првиот елитен тенисер заразен со ковид 19

Димитров позитивен на коронавирус по настапот во Задар и Белград на „Адрија тур“!

Григор Димитров соопшти дека е позитивен на коронавирус, тенисерот од Бугарија овој викенд настапи во Задар на „Аадрија Тур" а минатата недела играше и во Белград.

Новак Ѓоковиќ овој месец организираше турнири во Белград и Задар. И додека во Хрватска се играше пред празни трибини, ситуацијата во Србија беше сосема спротивна. Во Белград се играше со публика, без социјална дистанца и без маски, како да нема коронавирус. Но вечерва алармите се вклучија, Григор Димитров соопшти дека е заразен со ковид 19.

Бугаринот вчера играше во Задар, и мораше да се повлече бидејќи не се чувствуваше добро. По враќањето во Монако, направил тестови кои покажале дека е позитивен на коронавирус.

Григор Димитров минатата недела настапи и во Белград, а се забавуваше и во диско со Новак Ѓоковиќ и останатите тенисери кои прифатија да бидат дел од „Адрија тур“, но во моментов е нејасно каде се заразил.

„Здраво на сите, сакам да ги известам фановите и пријателите дека сум позтивен на ковид 19.  Ги советувам сите кои беа во контакт со мене во последните неколку дена да се тестираат и да ги превземат сите потребни превентивни мерки. Жалам доколку му наштетам на некого. Сега сум дома и се опоравува. Ви благодарам на поддршката, бидете безбедни и здрави“ – напиша Димитров на социјалните мрежи.

По веста дека Григор Димитров е позитивен на коронавирус, се откажа финалето во Задар, каде вечерва требаше да играат Ѓоковиќ и Рублев.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Grigor Dimitrov (@grigordimitrov) onJun 21, 2020 at 10:36am PDT

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе