Бугаринот направи изненадување

Димитров го елиминираше Федерер од УС Опен!

Бугарскиот тенисер Григор Димитров направи големо изненадување елиминирајќи го Роџер Федерер од УС Опен во меч во кој траеше пет сета.

Изненадувањето е уште поголемо ако се знае формата со која Димитров влезе на УС Опен. Пред да го почне големиот турнир тој имаше само две победи на последните девет меча.
 
Се чинеше дека по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, Федерер има отворен пат кон финалето каде се очекуваше да се сретне со Надал, но Швајцарецот не стигна ниту до полуфиналето.
 
Федерер добро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-3, Димитров возврати со 6-4 во вториот сет и изедначи на 1-1 во сетови. Роџер поведе уште еднаш, го доби третит со 6-3, но следните два беа на Бугаринот, ги зема со 6-4 и 6-2 и заслужено се радуваше на големата победа.
 
Федерер имаше болки во грбот поради кој побара и медицински тајм аут: „Ја чувствував болката цело време, но можев да играм“, рече Швајцарецот.
 
„Разочаран сум бидејќи чувствував дека ќе поминев ако играв добро. Пропуштив шанса. Мислам дека ако поминев ќе имав и два дена одмор“.
 
И Димитров знае дека Федерер не беше на своето најдобро ниво во финишот од мечот.
 
„Јасно е дека на крајот тој не беше на своето најдобро ниво. Ја искористив секоја можност која ја имав“, изјави Димитров.
 
Димитров во полуфиналето ќе игра против Медведев кој со 3-1 во сетови го совлада Надал.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе