Тимот од Маранело најавува „многу екстремен“ концепт

Диџеј, оркестар и танчери: Ферари го претстави новиот болид СФ1000 за 2020 (ВИДЕО)

Ферари е првиот тим кој го откри адутот за новата сезона, тимот од Мареноло попладнево го претстави СФ1000, болид за кој велат дека употребиле „многу екстремен" концепт.

Вечерва ви театарот Ромоло Вали во Реџо Емилија, Ферари направи шоу на претставувањето на болидот за 2020. Диџеј, оркестар и танчери на сцената го најавија СФ1000, адуот кој на тимот од Маранело ќе треба да му ја донесе титулата.

Од таборот на Ферари најавуваат дека употребиле „многу екстремен“ концепт за развојот на овој болид.

„Можеби ви изгледа сличен на минатогодишниот болид, но верувајте ми, комплетно е различен“ - вели првиот човек на тимот, Матија Биното.

Ферари е првиот тим кој го претстави болидот за новата сезона, во следните денови тоа ќе го сторат и останатите тимови. Ред бул утре треба да го претстави својот адут, а актуелниот шампион Мерцедес, тоа ќе го сотри на 14. февруари.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе