Русинот испрати порака пред дуелот со Пик Сегед

Дибиров преку социјалните мрежи се одјави: Македонци, фала ви за сè!

Во пресрет на пресметката со Пик Сегед во четврт-финалето од Лигата на шампионите, Тимур Дибиров се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за досегашниот престој во Македонија.

Денешниот меч во „Јане Сандански“ ќе биде со посебни емоции за многумина бидејќи најверојатно ќе биде последен за ваков шампионски Вардар. Сопственикот Сергеј Самсоненко најави дека се повлекува, па се очекува распад на клубот што во 2017 се искачи на тронот во Европа.

Во пресрет на пресметката со Пик Сегед во четврт-финалето од Лигата на шампионите, се огласи Тимур Дибиров, кој беше едно од првите засилувања за проектот што го почна Сергеј Самсоненко.

Русинот на социјалните мрежи испрати емотивна порака, која всушност е збогување, и им се заблагодари на сите Македонци за сè што направиле за него за време на престојот во нашата земја.

„Последен натревар. Македонија и Македонци, фала ви за сè“, напиша тој на Инстаграм и постираше слика од големото славје на титулата во Лигата на шампионите пред две години.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе