Русинот се предомисли

Дибиров останува во Вардар барем уште една сезона

Тимур Дибиров се предомисли и реши да продолжи со Вардар, Русинот ќе го носи „црвено-црниот" дрес барем уште една сезона.

Минатиот месец, Тимур Дибиров најави крај на авантурата во Скопје и откри дека заминува од Вардар. Русинот сепак се предомисли, шампионот на Македонија попладнево соопшти дека е продолжена соработката. 

„Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот" дрес и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје“ - гласеше известувањето на Вардар. 

За новиот договор, Тимур Дибиров рече: „Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе