Девет настапи - девет медали за Македонија на „Абу Даби џиу-џицу про“ во Загреб

Македонската репрезентација во бразилска џиу-џица (БЈЈ) се врати со грст трофеи од турнир од престижната Абу Даби Про серија (АЈП), кој викендов се одржа во Загреб.

Предводени од селекторот Ивица Алексовски, настапија девет наши претставници во борби со и без кимоно и сите освоија медал. Со злато се закитија Томи Блажевски, Анџела Стамкова, Стефан Пецевски, Марија Мичов, Марко Трајановски, Марко Сотиров и Михаил Ташковски. Сребрени завршија Даниела Алексовска и Ива Спиридоновска.
 
Во конкуренција на 450 натпреварувачи од 24 земји (Европа плус Бразил, Австралија и Авганисан), Македонија го освои шестото место, меѓутоа имаше најдобар процент на победи, 13 со само два пораза.
 
Во конкуренција на клубови, пак, македонскиот „Д Стронгест“ заврши на 10. место од 44 екипи, деветто во борбите со кимоно. Ова е еден од најдобрите настапи за македонските натпреварувачи во БЈЈ во континуираната жетва на медали на меѓународната сцена, со оглед на тоа дека трофеј освоија сите кои настапија.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе