Ролан Гарос

Дел Потро го победи Чилиќ и закажа полуфинале со Надал

Хуан Мартин дел Потро го победи Марин Чилиќ со 3-1 во сетови и обезбеди место во полуфиналето на Ролан Гарос каде ќе игра со Рафа Надал.

Чилиќ му е стар пациент на Дел Потро, а негативната статистика само ги зголеми бројките. Аргентинецот доби уште еден дуел со Хрватот овој пат на Ролан Гарос.
 
Првиот сет го доби Дел Потро во тајбрејк, Чилиќ возврати во вториот со 7-5 и израмни на 1-1. Следните два му припаднаа на Делпо со 6-3 и 7-5 за конечна победа од 3-1.
 
Во полуфиналето Дел Потро ќе игра против главниот фаворит на Ролан Гарос, Рафаел Надал.
 
Во другото полуфинале играат Доминик Тим со Марко Чикинато кој направи сензација елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе