Формула 1

Дебакл за Ферари во квалификациите, Хамилтон до пол во Хокенхајм!

Луис Хамилтон ќе стартува од пол на утрешната ГН на Германија, актуелниот шампион го искористи пехот што му се случи на Ферари, поради проблеми со болидот Себастијан Фетел ќе стартува од последното место а Шарл Леклер како 10-ти.

Ферари доминираше на тренинзите, но попладнево во квалификациите кога најмногу требаше да покаже брзината, им се случи дебакл.

Најпрво Себастијан Фетел не постави време поради проблеми со болидот и утре ќе стартува од последното место. Потоа во последниот дел од квалификациите, Шарл Леклер не излезе од боксот откако откаже нешто во неговиот болидот па ќе стартува како 10-ти.

Во отсуство на двајцата возачи на Ферари, Луис Хамилтон стигна до пол позиција со време од 1:11.767. Макс Верстапен имаше второ најдобро време, а последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас.

Потоа следуваа Пјер Гасли, Кими Раиконен, Роман Грожан, Карлос Саинц, Серхио Перез и Нико Хулкенберг.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе