вторник, 23 април 2024

Врховен суд на јавна седница ќе одлучува за притворот на таткото на Вања Ѓорчевска

Врховниот суд денеска информираше дека по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелациониот суд Скопје за потврдување на мерката притвор, на барање на одбраната закажана е јавна седница за задутре, 25 април.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања.

„Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на осомничениот А. Ѓ. од Скопје, преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, против решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/23 од 2 април 2024 година, по која е формиран предмет во Врховниот суд како ВКЖ1-14/24, на барање на одбраната закажана е јавна седница за 25 април 2024 година со почеток во 10 часот“, се вели во соопштението од судот.

Претходно во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 1 март 2024 година.

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, беше пронајдена мртва во близина на Скопје една недела подоцна, на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември 2023 година.

За двете убиства, за две кривични дела грабнување и убиство на свиреп начин првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија претходно надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ