Изборно собрание на МОК

Даниел Димевски е нов претседател на МОК

По речиси 30 години Васил Тупурковски доби наследник, Даниел Димевски е нов претседател на Македонскиот олимписки комитет, неговата противкандидатка Александра Војеска-Зикова и дел од нејзините подржувачи пред гласањето го напуштија Собранието. 

Со 30 гласа, Даниел Димевски ја доби битката за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет, Војнеска Зикова доби еден глас, а едно ливче беше празно.
 
Новиот претседател Димевски, вети дека веќе следната година ќе организира ново Изборно Собрание откако ова помина со низа скандали и тензија.
 
„Ветувам дека в година ќе организираме ново Изборно Собрание, па тие ако сакаат нека не дојдат пак. Целта е да бидеме обединети, а не разделени. Ќе направам сѐ за сите да бидеме заедно. До следното Собрание напорно ќе работам, ќе дадам сѐ од себе за македонскиот спорт. Ќе бидам тука за федерациите, за клубовите, ќе се борам за нови спортски објекти, за поголеми ваучери... Оваа ситуација ќе ме мотивира да работам понапорно од било кога“, изјави Даниел Димевски.
 
Досегашниот претседател Васил Тупурковски беше прогласен за почесен претседател на МОК.
 

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе