Македонските пливачи стравуваат дали резултатите ќе им бидат признаени

Дали државните институции го решија проблемот во пливањето или и Зрењанин ќе биде Кипар?

Голем број на македонски пливачи во наредните денови ќе учествуваат на меѓународено натпреварување во Зрењанин каде што ќе бркаат норми, но стравуваат дали нивните резултати ќе бидат важечки. 

Македонските пливачи имаат нов меѓународен предизвик, настапуваат во Зрењанин каде покрај за медали ќе се борат и за остварување на олимписки норми. Но со себе го носат и стравот дали резултатите ќе им бидат признаени.
 
Состојбата во македонското пливање одамна не е нормална, поранешниот претседател на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко се уште фигурира во ФИНА и ЛЕН и тоа го користи да им наштети на македонските пливачи.
 
Неодамна во Кипар проблем имаше Андреј Стојановски, нашиот млад пливач не можеше да им се израдува на резултатите бидејќи тие по барање на Маленко беа поништени.
 
Ист проблем во јуни имаше и најдобрата македонска пливачка, Миа Блажевска која настапуваше на КОМЕН Купот во Бургас.
 
Александар Маленко им праќа допис на Пливачките федерации во другите земји со барање да ги дисквалификуваат македонските пливачи бидејќи тие не се членови на неговата Пливачка федерација на Северна Македонија која практично и не постои.
 
Од овој сериозен проблем кој постојано се одолговлекува наместо да се реши, најмногу трпат македонските пливачи кои наместо да се фокусираат само на пливањето мислат и на работи кои се комплетно надвор од нивната контрола а од кои зависи нивниот резултат.
 
„Уште од самиот почеток наидовме на проблеми од старото раководство од Александар Маленко кој лажно се претставува како претседател на неопстоечка Пливачка федерација на Република Северна Македонија, името на ова правно лице не постои ниту во АМС, ниту во Централниот регистар. Лажно се претставува и го користи неважечкиот печат на веќе непостоечката Пливачка федерација на Македонија. Поради овие работи е поднесена и кривична пријава против него, а испративме и барање до МОК да ги превземе сите обврски и да ги признае резултатите на пливачите“, изјави претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев на последната прес конференција.
 
На таа прес конференција Томи Стефановски побара од државата брзо да реагира и конечно да стави крај на проблемот во пливањето, тој дури им даде и пример како може да реагираат.
 
„Крајно време е да прекинат овие стресови за децата кои се иднината на нашето пливање. Апелирам до целата држава итно да се заврши со ова кое веќе премногу долго трае. Доаѓаат нови првенства и повторно ќе имаме проблеми и стресови кај децата. Навистина не разбирам што е целата оваа работа. Многу е едноставно. Побарајте кој е во Управниот Одбор на таа федерација, нека се потпишат сите и нека стават печат. Ако нема Управен Одбор, нема федерација, многу е просто“, изјави тогаш Томи Стефановски.
 
Но засега состојбата во пливањето е статус кво, институциите се уште се неми на повиците на актуелното раководство кое без помош од државата се обидува да извојува победа, да го смири бранувањето во македонското пливање за да можат пливачите целосно да се фокусираат на своите настапи на меѓународна сцена.
 

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе