Закуп на дел од СРЦ Кале

Дали Даниел Димевски ја оштетил државата со договорот за закуп на дел од СРЦ Кале?

Договорот за закуп на дел од СРЦ Кале склучен меѓу Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт (ЈПСОС) и ТУРД Олимпик ДОО Скопје претставуван од советникот за спорт на експремиерот Зоран Заев, Даниел Димевски крена прав во изминатите денови. 

Предмет на договорот за закуп се градежните парцели кои го опфаќаат базенот во рамките на СРЦ Кале, паркинг просторот пред салата и деловен простор (фитнес сала). Договорот е склучен на 30 години, со траење до 17 јули 2049, за месечна сума од 600 евра плус ДДВ. 
 
Држвантата комисија за спречување на корупција врз основа на добиени сознанија отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводите дека советникот за спорт на Владата на Република Македонија, Даниел Димевски во својство на управител на правното лице Турд Олимпик ДОО Скопје со договорот за закуп на дел од СРЦ Кале го оштетил буџетот на Република Македонија.
 
Претседателот на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Неделковски обвини дека овој договор е криминален. Тој како спорни ги наведе: плаќањето со компензација на штета на доверителите на ЈПСОС (член 6), можноста за пренамена на дејноста од спорт во нешто друго (член 3), можноста за трајна градба по измената на ДУП-от и поделба 80% за компанијата која го закупува земјиштето и 20% за државата по истекот на договорот во 2049 година (член 7), предност за купување при евентуална продажба на земјиштето.
 
Тој ги повика институциите на државата да почнат постапка за раскинување на договорот бидејќи тој е штетен за државата и незаконски склучен без електронско наддавање. Преку својот фејсбук-профил, Неделковски го објави спорниот договор.
 
 
Даниел Димевски негираше дека станува збор за договор на штета на државата. Тој вели дека се работи за запуштен паркинг и целосно руиниран и запуштен базен кој не работи веќе 20 години. Неговата компанија се пријавила на Јавен повик за наддавање за закуп на предвидените парцели, на повикот немало други кандидати, па неговата понуда од 600 евра плус ДДВ била избрана како најповолна од страна на комисијата. Димевски потенцираше дека паркингот е реновиран и ќе работи исклучиво како паркинг. А повлечена е и извршната судска пресуда на износ од 123.000 евра плус камати, со што е спасен буџетот. Тој ја повика антикорупциската комисија што побрзо да го истражи случајот и јавно да ја соопшти одлуката.
 
Во своја одбрана Димевски го приложи и записникот од јавното наддавање за земјиштето на кое се пријавил само тој преку фирмата „Турд Олимпик“.
 
 
 
 
 
 
 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе