Шпанецот стави потпис на двегодишен договор

Да се наежиш: Рeно на необичен начин го соопшти ангажманот на Фернандо Алонсо (ВИДЕО)

Рено го потврди враќањето на Фернандо Алонсо во Формула 1, Шпанецот стави потпис на двегодишен договор и следната сезона ќе му биде тимски колега на Естебан Окон.

Уште кога беше соопштено дека Себастијан Фетел си оди од Ферари, медиумите почнаа да најавуваат сензационално враќање на Фернандо Алонсо во Формула 1.

Одлуката за разделба на Германецот со тимот од Маранело имаше домино ефект, Карлос Саинц потпиша за Ферари, а неговото место во Мекларен го зграпчи Даниел Рикиардо, со што остана празно место во Рено.

Па Францускиот производител на автомобили тргна по потписот на Фернандо Алонсо, со кого имаа успешна соработка и две шампински титули во Формула 1.

Синоќа огромен број на извори пренесоа дека се испеглани сите детали, па попладнево пристигна официјална потврда, Рено на необичен начин го соопшти враќањето на Фернандо Алонсон.

Со пораката „Дали ви свучи познато?“, беше објавено кратко видео од моќниот звук на В10 мотор во Формула 1 од годините кога Фернандо Алонсо стана шампион, потоа беше објавено и видео од врескот на Шпанецот кога стана шампион, потоа беше објавено кратко видео со ликот на возачот за на крај да пристигне и соопштението.

Фернандо Алонсо, кој стави потпис на двегодишен договор, рече: „Со голема гордост и многу емоции се враќам во тимот кој ми даде шанса на почетокот од мојата кариера и сега ми дава прила да се вратам на највиско ниво. Тимот сака,  и има средства да се врати на подиумот, исто како што имам и јас“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе