Циципас ја оправда улогата на фаворит и лесно го совлада Лечка. Првиот сет го доби со 6-3. Чехот најмногу отпор пружи во вториот сет кој Гркот го доби во тајбрејк со 7-2. Третиот сет Циципас го доби со 6-4.
Во полуфиналето тој ќе игра со Русинот Карин Хачанов кој денеска го помина Корда. Американецот го предаде мечот поради повреда, до тој момент Хачанов водеше со 7-6, 6-3 и 6-3.
Утре на програмата се другите два четвртфинални меча, Ѓоковиќ против Рубљов и американскиот дуел меѓу Шелтон и Пол.