АТП мастерс Лондон

Циципас лесно го совлада Зверев, херојскиот кам-бек на Надал може да падне во вода

Стефанос Циципас со 2-0 го совлада Александер Зверев и се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир, резултатот е лоша вест за Рафаел Надал кој може да биде елиминиран и со победа во последното коло.

Најмладиот тенисер на АТП мастерсот во Лондон, Стефанос Циципас обезбеди полуфинале. Гркот вечерва лесно го совлада Александер Зверев со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови за еден час и 13 минути.

Овој резултат е лоша вест за Рафаел Надал кој попладнево имаше херојски кам-бек. Шпанецот не одлучува сам за прогрес помеѓу четворицата најдобри, и покрај тоа што ќе треба да го совлада Стефанос Циципас во последното коло, ќе треба да чека услуга од Димитар Медведев.

Доколку Александер Зверев го совлада Русинот со 2-0, тој ќе игра полуфинале, има и комбинација да слави во три сета и пак да заврши како втор во групата.

Има и парадоксална ситуација, во која Рафаел Надал може да заврши дури и прв во групата, а и комбинација каде тој, Зверев и Медведев ќе имаат по два порази и една победа, и ќе одлучуваат бројот на освоени сетови или гемови.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе