АТП Мадрид

Циципас го победи Надал и закажа финале со Ѓоковиќ!

Уште една маестрална партија на Стефанос Циципас, овој пат настрада Рафаел Надал, Гркот ќе игра во финалето во Мадрид против Новак Ѓоковиќ.

Циципас претходно ги имаше победено Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, од големата тројка му фалеше триумф уште над Рафаел Надал и вечерва дојде до таков успех.
 
Циципас го доби првиот сет со 6-4, во вториот Надал беше поуспешен со 6-2 за изедначување на 1-1. Во третиот решавачки сет, грчкиот тенисер му зема друри три брејка на Надал, загуби само еден свој сервис и го доби сетот со 6-3 за голема победа.
 
Ова беше уште една партија со која Циципас покажа дека е најдобриот млад тенисер во моментов.
 
Финалето меѓу Ѓоковиќ и Циципас на програмта е утре од 18:30 часот.
 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе