АТП мастерс Лондон

Циципас го изненади Федерер за прво финале во Лондон!

Стефанос Циципас ќе се бори за трофеј во Лондон, Гркот е прв финалист на завршниот турнир откако попладнево со 2-0 во сетови го „сруши" големиот Роџер Федерер.

Роџер Федерер пред два дена одигра маестрално против Новак Ѓоковиќ, го елиминираше Србинот и му ги одзеде шансите да ја заврши годината како прв на АТП листата. Но Швајцарецот денеска немаше одговор за младиот Стефанос Циципас и загуби со 2-0 во полуфинале.

Гркот одлично го отвори мечот, веднаш направи брејк и поведе со 3-0. Потоа рутински го приведе првиот сет во своја корист со 6-3.

Во вториот сет, Циципас одново прв стигна до брејк, но Федерер веднаш возврати и направи ри-брејк, но популарниот Федекс веќе на следниот свој сервис покажа нова несигурност и Гркот ја врати предноста. Потоа со сигурен сервис поведе со 4-2 и на крајот стигна до 6-4 и голема радост.

Тој во финалето ќе игра со подобриот од пресметката помеѓу Доменик Тим и Александер Зверев.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе