Австралија опен
Циципас: Ѓоковиќ прави ние останатите да изгледаме како будали

Не стивнуваат реакциите за Новак Ѓоковиќ, чиј настап на Австралија опен сѐ уште виси во воздух и зависи од одлуката на австралиските власти дали ќе побараат депортација или не.
Еден од оние што го кренаа гласот против Ѓоковиќ е и Гркот Стефанос Циципас.
„Ѓоковиќ дефинитивно си игра по свои правила и прави работи што повеќето тенисери не би имале храброст да ги направат. АТП ги објави критериумите за влез во Австралија и јас никогаш не би тргнал невакциниран да влезам во земјата и да ги кршам протоколите“, вели Циципас.
„Очигледно дека не се сите подготвени да ги следат правилата. Мал процент си бара некој свој пат и прави ние останатите да изгледаме како будали“.
Други спортови
Објавено на
13 Јануари 2022 - 10:40