Австралија опен

Циципас: Ѓоковиќ прави ние останатите да изгледаме како будали

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас вели дека тој никогаш не би ги прекршил правилата, а тенисерите како Ѓоковиќ прават другите да изгледаат како будали. 

Не стивнуваат реакциите за Новак Ѓоковиќ, чиј настап на Австралија опен сѐ уште виси во воздух и зависи од одлуката на австралиските власти дали ќе побараат депортација или не.
 
Еден од оние што го кренаа гласот против Ѓоковиќ е и Гркот Стефанос Циципас.
 
„Ѓоковиќ дефинитивно си игра по свои правила и прави работи што повеќето тенисери не би имале храброст да ги направат. АТП ги објави критериумите за влез во Австралија и јас никогаш не би тргнал невакциниран да влезам во земјата и да ги кршам протоколите“, вели Циципас.
 
„Очигледно дека не се сите подготвени да ги следат правилата. Мал процент си бара некој свој пат и прави ние останатите да изгледаме како будали“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе