АТП Мадрид

Чилиќ имал труење со храна, Ѓоковиќ без борба во полуфиналето

Ништо од хрватско-српската пресметка во Мадрид, Марин Чилиќ го предаде мечот поради труење со храна.

Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид откако Марин Чилиќ го предаде мечот.
 
Хрватскиот тенисер имал труење со храна и не е во состојба да го продолжи настапот на турнирот.
 
„Имав ужасна ноќ, се затрув со храна. Разочаран сум што вака го завршувам турнирот. Извинете“, изјави Чилиќ.
 
Чилиќ синоќа елиминираше еден српски тенисер, го победи Ласло Ѓере, па денеска требаше да има уште една битка меѓу соседите, но за жал таа нема да се одржи.
 
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Роџерер Федерер и Доминик Тим.
 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе