АТП Лондон

Чилиќ го доби Изнер и си ги задржа шансите за полуфинале

Марин Чилиќ се врати од сет негатива против Џон Изнер и триумфираше со 2-1 за да ги задржи шансите за полуфинале на завршниот турнир во Лондон.

По двете победи без загубен сет, јасно беше дека Новак Ѓоковиќ ќе се најде помеѓу најдобрите четворица во Лондон, а неговото учество во полуфиналето официјално беше потврдено вечерва откако Марин Чилиќ ја доби пресметката со Џон Изнер. 

Хрватот се врати од сет негатива и триумфираше со 2-1 (6-7, 6-3, 6-4) за да си ги задржи шансите за прогрес во полуфиналето. 

Во првиот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, но Американецот беше поуспешен во тај-брејкот и го реши сетот во своја корист. 

Хрватот заигра подобро во продолжението, направи брејк кон финишот на вториот сет и изедначи на 1-1. Третиот решавачки сет почна возбудливо. Чилиќ направи брејк на стартот но веднаш го загуби својот сервис. Потоа следуваше нов брејк на Хрватот по кој Изнер не успеа да се врати и го загуби мечот.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе