Руското знаме нема да се вее на ОИ 2020 и СП 2022

Четиригодишна суспензија за Русија од големите спортски настани поради допинг

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ја суспендираше Русија за сите големи спортски натпреварувања во наредните четири години. 

Руското знаме и химна нема да бидат присутни на настаните како што се Олимписките игри во Токио 2020 и Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година.
 
Но спортистите кои ќе докажат дека не се дел од допинг скандалот ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме.
 
Извршниот комитет на ВАДА на состанок во Лозана донесе одлука за четиригодишна суспензија на Русија.
 
Казната доаѓа поради манипулација на Руската анти-допинг агенција (Русада) со лабараториски резултати кои им беа предадени на истражителите во јануари 2019.
 
Русија и претходно беше суспендирана. Вкупно 168 спортисти од оваа земја се натпреваруваа под неутрално знаме на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 откако беше откриена манипулација со допинг резултатите за време на Олимписките игри во Сочи 2014.
 
Русија ќе може да настапува со своето знаме и химна на Европското првенство 2020 каде домаќин е и Сент Петерсбург бидејќи овој шампионат кој го организира УЕФА не се смета за голем спортски настан во правилникот на ВАДА.
 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе