Централниот регистар го потврди Филипчев за прв човек на пливањето во Македонија

Националната пливачка федерација информира дека Централниот регистар го потврдил изборот на Александар Филипчев за претседател. 

Бурата во македонското пливање трае долго време, од Националната пливачка федерација (НПФ) велат дека сега се расчистени сите дилеми.
 
„На ден 28.04.2021 Централниот регистар на Република Северна Македонија го потврди изборот за Претседател на Националната пливачка федерација на Александар Филипчев со што се завршија сите дилеми за неговиот избор“, се вели во соопштението НПФ.
 
„Како што е познато на 24.09.2019 година на барање на пливачките клубви во Македонија, одржано е вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија, при што меѓудругото беше разрешен тогашниот претседател Алексанадар Маленко и за нов претседател беше избран м-р Александар Филипчев“.
 
„По жалбата на разрешениот претседател Александар Маленко до Комисија за жалби на РСМ од 05.03.2021 година, стручната служба на Централниот регистер на РСЦ повторно го разгледа предметот, го потврди решението за упис на промени од 07.06.2019 година и донесе ново со кое се потврдува уписот на промени и изборот на новиот претседател Александар Филипчев“.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе